Царовска: Со закон гарантираме зголемување на пензиите
На обвинувањето од ВМРО-ДПМНЕ дека со законските измени од минатиот месец пензионерите се оштетени и ќе имаат пониски пензии зашто е намален коефициентот за пресметка од 1,61 на 1,54 за 2019 и на 1,47 за 2020 година, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на седницата на пратенички прашања рече дека пензиите растат согласно со законското усогласување.
Сега опозициската партија, рече таа, не само што манипулирала со 300.000 граѓани, туку оштетила повеќе од 570 илјади вработени идни пензионери и создала огромна дупка во пензискиот фонд.
-Сите граѓани плаќаат за вашите нереални, несоодветни и штетни политики за пензискиот систем што довело до негово постојано распаѓање. Затоа што не ги следевте статистичките податоци и без да направите планска проекција. Во декември 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, а во декември 2018 изнесува 14.445 денари. Ова кажува постојан раст на пензиите во државата, рече Царовска, одговарајќи на прашањето на пратеничката Слаѓана Митовска.
Во последното законско решение, додаде Царовска, стои дополнително зголемување на пензиите доколку економијата расте во тековната година, односно ако се постигне економски раст во секоја година поголем од 4 проценти од БДП, пензионерите во април ќе добијат трето дополнително усогласување согласно со економскиот раст.
-Ова значи дека конечно го гарантираме зголемувањето на пензиите со закон, независно од политичката волја и независно од изборите во нашата држава, а тоа значи праведност и посветеност, рече министерката за труд и социјална политика од собраниската говорница.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата