Царовска: Мора да се запре иселувањето на младите
Иселувањето на младите е една од поголемите трауми на Македонија и таа носи големи последици и за иднината. Затоа мораме посветено да работиме на создавање перспектива за младиот човек, да ги зголемиме шансите за пристоен живот, а да ги минимизираме причините поради кои младиот човек го напушта својот дом и земја. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во своето излагање на првиот состанок на Координативното тело за подготовка и имплементација на Гаранцијата за млади.
Ова тело, како што велат од Министерството за труд и социјална политика, има одговорна задача да работи на една од приоритетните цели на Владата младите да ја проектираат и градат иднината во својата татковина.
- Со последната ревизија на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, најголем дел од новите активни мерки за вработување се однесуваат на младите невработени лица до 29 години со што се потврдува стремежот на Владата на Република Македонија и согласно со дефинираните активности што ги содржи Младинската гаранција за зголемен опфат и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот во Република Македонија, рече Царовска.
Стапката на невработени млади од 15 до 29 години во Република Македонија е 40,1 отсто во вториот квартал од 2017 година или во апсолутна бројка 85.308 лица. Околу 130.000 млади лица од 15-29 години, не се ниту во образовен процес, ниту во евиденцијата на Агенција за вработување на Република Македонија, ниту во работен однос. Токму тие ќе бидат една од главните таргет групи за вклучување во Младинската гаранција.
Активирањето и промовирањето на вработувањето на младите и нивно интегрирање на пазарот на трудот може во голема мера да го подобри преминот на младите од училиште на работа. Квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, стажирање и практикантство се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата.
Спроведувањето на Гаранцијата за млади во Европската унија генерираше многу научени лекции и искуства кои, како што се наведува во соопштението, треба да ги имаме предвид при имплементацијата во нашата земја.
Во таа насока, на состанокот своја презентација имаше Вали Корбанезе, експерт на Меѓународната организација на трудот.
На состанокот учествуваа и претставници на Националниот младински совет на Македонија, ИМЕ Програмата/Swisscontact, Швајцарската амбасада, претставник на Министерството за труд на Црна Гора, Меѓународната организација на трудот, Агенцијата за млади и спорт, како и претставници од министерствата при Владата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе