Царините на Трамп ги урнаа берзите ширум светот: Волстрит и Азија со акции на најниско ниво
Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет царини кои погодуваат околу 60 земји, со посебен фокус на Кина.
Овие мерки предизвикаа сериозни потреси на глобалните финансиски пазари, при што цените на акциите нагло паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниско ниво во една година.
На азиските берзи, индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за речиси 2 отсто. Јапонскиот индекс Никеи падна за повеќе од 4 отсто, додека индексите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 1,6 и 1,9 процент. Иако кинеските берзи во Шангај забележаа благ пораст, инвеститорите беа јасно потресени од воведувањето дополнителни царини.
Пазарните немири се проширија во Европа и САД. Фјучерс индексите во Европа и на Волстрит влегоа во црвената зона, при што фјучерсите на ЕуроСтокс 50 паднаа над 3,5 отсто, додека Насдаг и С&П 500 забележаа пад од над 1,5 отсто.
На Волстрит сите главни индекси забележаа пад. Индексот S&P 500 падна за 1,57 отсто, спуштајќи се на најниското ниво од април минатата година, додека Насдаг загуби 2,15, а Даун Џонс 0,84 отсто. С&П 500 сега е 19 отсто под највисокото рекордно ниво во февруари. Од минатата среда, кога Трамп најави дополнителни царини, овој индекс загуби повеќе од 12 проценти, што претставува загуба на пазарната вредност на компаниите и банките од околу 5.800 милијарди долари.
Во меѓувреме, кинеската централна банка дозволи јуанот да падне на најниско ниво од септември 2023 година, што Трамп го искористи за да го обвини Пекинг за валутна манипулација. И покрај тоа, тој изрази уверување дека Кина на крајот ќе побара договор.
Негативно реагираа и нафтените пазари – цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар падна за 4,14 отсто, на 60,25 долари, додека пад од 4,55 отсто е забележан на американскиот пазар, на 56,90 долари.
И додека американските и азиските берзи се во пад, европските берзи вчера забележаа силен раст – инвеститорите се надеваат дека преговорите меѓу САД и Европската унија за царините може да донесат позитивен исход. Лондонски ФТСЕ порасна за 2,71 отсто, Франкфуртски ДАКС 2,48 отсто, а париски ЦАЦ 2,50 проценти.
Ново на Сител
-
Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора
-
Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа
-
Мицкоски: Влашката зедница има значајна улога во градењето на Македонија
-
Даниловски: Мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија
-
Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
-
Му кажала дека мајка ѝ ѝ забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев
-
Европол разби голема хакерска мрежа