Byчиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги посети повредените во пожарот во дискотека во Кочани кои се сместени во Универзитетскиот клинички центар на Србија, јави МИА од Белград.
Заедно со Вучиќ беа и министерот за здравство на Србија, Златибор Лоначар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Јелена Друловиќ.
Во Србија синоќа пристигнаа 17 повредени во пожарот во Кочани. Армијата на Србија испрати попладнево уште еден авион што ќе транспортира уште 12 повредени. .
Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар претходно денеска изјави дека 17 пациенти од Кочани се наоѓаат во четири здравствени домови во Србија – Клиничкиот центар на Србија, Воената медицинска академија, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман