Бундестагот одобри задолжителна вакцинација за здравствените работници и војниците
Бундестагот ја одобри одлуката за задолжителна вакцинација на здравствените работници.
Долниот дом на германскиот парламент усвои нацрт-закон со кој се бара здравствените работници и војниците да се вакцинираат против Ковид-19, што е првиот чекор кон можни задолжителни вакцини за сите возрасни лица.
Големо мнозинство пратеници во Бундестагот гласаа за мерката со која се бара персоналот во болниците, лекарските ординации и домовите за стари лица да бидат целосно вакцинирани.
Бундесратот или Горниот дом на парламентот се очекува да го усвои законот подоцна денеска, откако слични чекори презедоа Франција, Италија, Велика Британија и Грција.
За другиот, поконтроверзен закон, со кој вакцината ќе биде задолжителна за сите, парламентот веројатно ќе расправа следниот месец. Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија се противи на задолжителна вакцина за сите. Поранешниот министер за здравство во владата на Ангела Меркел исто така рече дека ќе гласа против мерката.
Според официјалните податоци, околу 69,4 отсто од германското население од 83 милиони луѓе се целосно вакцинирани.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција