Фудбал
13. јуни 2021 - 10:03

Букурешт се тресе од македонските навивачи - На улиците ечи македонската химна | ВИДЕО

И покрај пандемијата со коронавирусот, илјадници Македонци се во главниот град на Романија за да ја бодрат Македонија на историскиот прв настап на Европското првенство.
 
До доцните вечерни часови македонските навивачи не ги штедеа грлата пеејќи македонски песни и правејќи атмосфера во центарот во Букурешт во пресрет на историскиот меч.
 
Македонската репрезентација денес со почеток од 18 часот го игра својот прв натпревар во групната фаза против репрезентацијата на Австрија.