-->
-->
Бугарското собрание утре ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски
-->
На редовна седница, утре, бугарското Народно собрание ќе гласа за предлог владата „Габровски“, објавено е на веб-страницата на парламентот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, прва точка на дневниот ред утре ќе биде изборот на премиер, вклучувајќи ја и структурата и изборот на членовите на новата бугарска Влада.
Движењето за права и слободи и партијата „Бугарски подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев доцна вечерва ќе се изјаснат дали ќе поддржат влада со мандат на ГЕРБ-СДС.
Преостанатите партии и коалиции во Народното собрание – „Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, БСП и „Препород“ веќе се изјаснија дека ќе гласаат против.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски