Бугарите и Романците ќе патуваат без визи за Канада
Европската комисија денеска го поздрави укинувањето на визи за Канада за државјаните на Бугарија и Романија.
- Ова достигнување се должи на големите дипломатски напори и на ангажманите, направени на политичко и техничко ниво од страна на ЕУ, Канада, Бугарија и Романија, посочува Комисијата.
Во соопштението на ЕК по тој повод е цитирана еврокомесарката за дигитализација, Марија Габриел, која ја оцени елиминацијата на канадските визи како јасен сигнал за Бугарите и Романците, како и за светот дека Европа е обединета и решена да нема „втора класа" граѓани.
Еврокомесарот за миграции и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, рече дека утре за Бугарите и Романците ќе биде „голем ден".
Според него, укинувањето на визите покажува дека дипломатските напори и трпеливата работа вродија со плод. Аврамопулос додаде дека постигнувањето целосен визен реципроцитет за сите граѓани на ЕУ е водечка задача.
За да се постигне т.н. визниот реципроцитет, неопходно е сите земји чии граѓани патуваат во ЕУ без виза да не бараат визи за Европејците кои ги посетуваат. Засега, САД бараат визи за граѓаните на Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија.
Ново на Сител
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши
-
Трамп блокираше помош од 50 милиони долари за кондоми за Хамас
-
ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети
-
Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп