Бугарија и Македонија од понеделник прекинуваат со увоз-извоз на гориво од отпад
Од понеделик стапува во сила забраната за узвоз и извоз на гориво од отпад меѓу Бугарија и Македонија. Тоа е согласно забраната, која е воведена со измените во нашиот Закон за управување со отпад, кој помина во Собранието пред неговото распуштање, а со кој во нашата земја се забранува увоз на отпад, што се користи како извор на енергија.
За забраната говореше бугарскиот министер за животна средина и води, Емил Димитров, кој завчера беше во посета на земјава, каде се сретна со неговиот македонски колега Насер Нуредини.
– Ние ја затвораме Македонија за РДФ отпад, ја затвораме. Од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Македонија кон Бугарија ќе поминува таков вид на отпад. За секундарни суровини за рециклирачката индустрија работите ќе се одвиваат како досега. Во моментов сме фокусирани на РДФ отпад, а потоа ќе се насочине кон медицинскиот отпад на бугарска територија. Од странство не влегувал, ниту ќе дозволиме да влегува, вели Димитров.
Бугарскиот министер во обраќање на четвртата годишна конференција на Бугарската асоцијација за рециклирање истакна дека изминатитве пет години Бугарија го надмина просекот на ЕУ во однос на темпото на зголемување на рециклирањето на комуналниот отпад.
– Шеесет и пет проценти од она што е на депониите, треба да го рециклираме. Не да се гори, туку да се рециклира. Дваесет и пет отсто треба да изгориме и десет отсто да депонираме. А ние депонираме 90 отсто и ги полниме депониите, а десет отсто рециклираме. И поради тоа е целиот проблем, рече бугарскиот министер на конференцијата, на која учествуаат експерти, компании од секторот за рециклирање од земјата и странство и претставници на Европската комисија и на бугарски државни интитуции.
Димитров, кој во понеделникот беше во посета на Македонија, изрази подготвеност за соработка со земјава во контролата на прекуграничното движење на отпадот и увери дека Република Бугарија од своја страна ќе се заложи за спречување на влезот на пратки со РДФ отпад од бугарска територија во нашата држава.
– На средбата со министерот Насер Нуредини и дел од раководниот тим на Министерството, присуствуваше и директорот на Царинската управа на РМ, Ѓоко Танасоски. Разговорот беше фокусиран на начинот на воспоставување и отпочнување со работа на Заедничката комисија за соработка во повеќе прашања од интерес за заштитата на животната средина. Како приоритет се поставија актуелните прашања поврзани со прекуграничната контрола на отпадот, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Министерот Димитров нагласи дека скорешните случувања и откритија на сомнителни меѓународни движења на пратки со отпад во Бугарија, се случаи кои претставуваат незаконски активности на поединечни лица и не ја доведуваат во прашање меѓудржавната соработка помеѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
-
Пронајдени и вратени на родителите две загубени деца во Скопје
-
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-
Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни
-
Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс
-
Среде Атина Илиоски го победи Гркот Филис Христос и ќе се бори за злато на Европското кик бокс првенство
-
Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим
-
Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности