Бугарија дозволи отворање почесен конзулат на Србија во Благоевград
Бугарската влада донесе одлука со која даде согласност да се отвори конзулат на Република Србија раководен од почесен конзул во Благоевград, јави дописникот на МИА од Софија.
Митко Солаков ќе биде почесен конзул на Србија во Бугарија. Тој ги има потребните јавни и деловни контакти за да помогне во развојот на економските односи, како и соработката во областа на културата и спортот меѓу двете земји. Во моментов е управител на компанијата „МГС ОИЛ“ ЕООД и „Бренд Дистрибуција Бугарија“ ЕООД.
Во аргументите за отворањето на почесниот конзулат на Србија се вели дека политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Србија се развива се поинтензивно во последните години, што создава предуслови за активирање на билатералните економски односи, како и во сферата на културата и спортот.
Кконзулатот на Србија ќе ја опфаќа територијата на областите Софија, Ќустендил, Перник, Благоевград, Враца, Монтана, Видин и Плевен.
Инаку, сопругата на почесникот конзул Митко Солаков, Анастасија Солакова стана почесен конзул на Србија во Пловдив во 2021 година.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп