Бучковски: Изборите во Бугарија се исклучително важни за Македонија и преговорите со ЕУ
Бугарските парламентарни и претседателски избори в недела се исклучително важни за нашите амбиции, но и за амбициите на САД и Европската Унија за Софија да ја отстрани блокадата за започнувањето на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ, изјави специјалниот претставник за Бугарија Владо Бучковски за бугарската агенција БГНЕС.
Бучковски потенцира дека за нас се важни роковите за составување на владата во пресрет на одржувањето на Советот на Европската Унија во средината на декември.
Без разлика дали Бугарија ќе го има старо новиот претседател Борисов или новиот претседател Атанас Герџиков, како што вели, до првата недела од декември се очекува Бугарија да има формирано кабинет, а САД и ЕУ не кријат дека ги чекаат изборните резултати, со цел да помогнат да се најде решение за спорот на Македонија.
– Ставовите на Борисов и на Радев ни се добро познати. Обединетите партии „Продолжуваме со промената“ се исклучително позитивни во обидот да се најде решение за да се отстрани блокадата, вели Владо Бучковски за БГНЕС.
Ново на Сител
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо