Македонија
15. August 2022 - 12:45

Бучавата и ова лето еден од најголемите проблеми до Охридското езеро

И ова лето бучавата еден од најгорливите проблеми до Охридското езеро. Викотници гласната музика од ноќните клубови и угостителските објекти и дивеењето со луксузните автомобили по улиците ги оставија граѓаните без сон. Најкритично е во Струга каде по бројните пријави инспекторите на терен опоменале шест објекти, а доколку истите продолжат со недозволената бучава ќе заработат казни.

Експертите посочуваат дека бучавоста негативно се одразува  врз здравјето на луѓето па поради тоа голем е бројот на оние туристи кои се сместуваат во околните места бегајќи од неподносливата бучава. Бројните забави предизвикувале бучава над  дозволените 50 децибели.

Казните согласно со Законот за прекршоци  ној што го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти и други технички уреди се движат од 200 до илјада евра.