„Брза лента“ за инвеститорите во Катастарот, бара Градежната комора на ССК
Посебна забрзана постапка за инвеститорите при користење услуги од Катастарот и отворање одделни шалтери за правни и за физички лица, бара Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК).
Можностите и начините за забрзување на постапките од денеска ќе ги анализира заедничка работна група на Градежната комора и Агенцијата за катастар на недвижности.
- Постапката за воведување „брза лента“ ќе претставува дополнителен стимул за натамошен развој на домашните градежни компании, а исто така и за привлекување странски инвестиции, рече на прес-конференција Роберт Хот, претседател на Градежната комора.
Со воведување на овој начин на функционирање, потенцира, ќе се намалат административните процедури и ќе се скрати времетраењето на еден ивестициски циклус. Тоа, според него, е значајно со оглед на постојаниот пораст во секторот „градежништво“ кој во вториот квартал изнесуваше 31 процент.
Запишувањето на објектите и обезбедување на листовите за предбележување на градба во име на инвеститорите согласно Законот за градење го вршат општините. Имајќи ја предвид ваквата законска регулатива, посочи директорот на Катастарот Славче Трпески, работните групи треба да утврдат каде е кочницата во самиот процес на доставување предмети до Катастарот и дали треба да се направат обуки.
- Втор момент на кој треба посериозно да работиме е брзината на предметите доставени до Катастарот. Приоритет во решавање за некои предмети е невозможен затоа што Катастарот мора да ги работи предметите по ред, ако на пример има две хипотеки мора првата, но за некои други типови предмети можеби е возможно. Треба да се седне да се видат сите параметри, да се разгледаат и да се најде најефикасно решение. Како Катастар сме расположени за соработка сите идеи да ги прифатиме и да ги имплементираме за да имаме уште подобра соработка, рече Трпески.
Токму градежните компании, според Трпески, се очекува да бидат најголеми корисници на Регистерот за градежно змејиште, што ќе стане функционален комплетно од 10. следниот месец. Во него се внесуваат сите урбанистички планови, а граѓаните и компаниите ќе можат да извршат увид во план и да пребаруваат слободни градежни парцели.
Позитивно за компаниите, укажа Трпески, е поставувањето постерминали на Катастарот во скопските општини со што се заменува досегашниот начин на уплата исклучиво само вирмански.
Ново на Сител
-
Пронајдено изгорено тело по пожарот во Ѓорче
-
17-годишен битолчанец со автомобил удрил велосипедист и тешко го повредил
-
Гаши вети: Оваа година без молење во Собранието на седницата за Сребреница
-
Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво
-
Купиле амфетамин во Скопје за да го продадат во Кавадарци
-
Македонскиот професор Чапаровски станува активен член на Светската академија за неврохирургија
-
Алиу: Граѓаните дадоа фантастични идеи, за недела-две ќе имаме одговори за нивните забелешки за здравствените установи
-
Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари