Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281, а 67 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите, цитирани од ДПА.
Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години. Повеќе од 1,900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со катастрофи.
Според Канцеларијата, тајфунот оштетил околу 235 илјади домови. Над 2,6 милиони животни главно живина и говеда, биле убиени, а преку 200 илјади хектари оризови полиња биле значително оштетени.
Поплавите сега се повлекоа, но погодените области сè уште се борат со напорите за расчистување.
Според првичните проценки на виетнамската влада, тајфунот Јаги предизвикал прелиминарна штета на Виетнам од околу 1,6 милијарди долари, предизвикувајќи загуба од околу 0,15 посто од бруто домашниот производ оваа година.
Тајфунот претходно мина низ Филипините и Кина.
Ново на Сител
-
Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
-
Пронајдени и вратени на родителите две загубени деца во Скопје
-
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-
Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни
-
Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс
-
Среде Атина Илиоски го победи Гркот Филис Христос и ќе се бори за злато на Европското кик бокс првенство
-
Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим
-
Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности