Бројот на загинати во урнатата зграда во Флорида се зголеми на 11, се трага по 151 лице
Бројот на загинати во урнатата зграда во близина на Мајами, Флорида, се искачи на 11, а операцијата за спасување продолжува. Локалните власти соопштија дека 151 лице сè уште се води како исчезнато.
Спасувачките екипи пребаруваат под урнатините на зградата во градот Сурфајд и покрај лошите временски услови и помалите пожари.
На теренот, шест до осум екипи се менуваат наизменично и бараат знаци на живот.
Причината за уривањето на зградата сè уште не е позната.
Градот Сурфајд објави документ од 2018 година во кој се проценува дека ќе бидат потребни повеќе од девет милиони долари за решавање на проблемите презентирани во извештајот од истата година.
Во тој извештај, инженерите откриле значително структурно оштетување околу базенот во зградата и пропаѓање на цементот во подземната гаража. Американските медиуми јавуваат дека еден месец по објавувањето на извештајот, градскиот службеник ги уверил станарите дека зградата е „во многу добра состојба“.
Загриженоста се зголемува и за соседната зграда, поради што градоначалникот ги повикува нејзините станари да се евакуираат.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош