Бројот на заболени од коронавирус во Кина опаѓа, расте во Европа, САД и Блискиот исток
Додека кризата со коронавирусот во Кина е во опаѓање, бројот на заболени продолжува да се шири во земјите на Блискиот исток, Европа и Соединетите Американски Држави. За жаришта се уште се сметаат Јужна Кореја, Иран, Италија и Јапонија.
Иран денеска извести за 2922 потврдени случаи, меѓу кои и 23 пратеници и за 92 починати. Казахстан затвори две пристаништа во Каспиското море за бродовите кои доаѓаат од Иран и Азербејџан во обид да го спречи ширењето на вирусот.
Бројот на починати во Италија, пак, се искачи на 79 лица. Во Јужна Кореја вкупно заболени се регистрирани 5328 лица, а Украина и Мароко јавија дека имаат прв потврдени случаи на нивна територија.
Низ светот, повеќе од 92 000 луѓе се заболени од коронавирус, а 3100 починаа, а 95 отсто од нив се на територијата на Кина, од каде што во декември почна коронавирусот.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции