Брнабиќ: Уапсени се петмина антиваксери, едниот од нив бил ваксиниран
Српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека еден од петте уапсени антиваксери е вакциниран против корона вирус, пренесува Танјуг во неделата.
„Од петтемина антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран, а во исто време тој ги ширеше најлошите можни лаги против вакцинацијата. Значи, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат“, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.
Неколку антиваксери се уапсени во Србија оваа недела за ширење паника, соопштија властите.
„Тоа е најстрашното лицемерство. Антиваксерите навистина ја загрозуваат националната безбедност. Тие сериозно ја загрозуваат безбедноста и животот на луѓето на социјалните мрежи, шират паника и лажни вести“, додаде таа.
Брнабиќ го коментираше собирот на противници на вакцинацијата кај белградскиот споменик на Стефан Немања во саботата вечерта.
Собраните свртеа едно оро, а Брнабиќ вели дека ова бил мирен протест па затоа никој не бил уапсен.
„Покажавме дека никогаш нема да апсиме луѓе за непријавени митинзи ако тие се мирни“, рече Брнабиќ.
„Можеме само да апелираме дека тоа не се случува. Државата не може да апси луѓе ако се соберат мирно, но мислам дека овој собир е многу лош, мислам дека е глупав“, додаде таа.
Таа тврди дека протестите против вакцинацијата не се само српска специфичност, туку се случуваат на друго место во Европа.
„Нашиот народ е одличен и покрај силното лоби против вакцинација. Ние сме најдобри во Европа според бројот на вакцинирани лица“, рече премиерката на Србија.
Ново на Сител
-
Ирвинг успешно опериран
-
Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста
-
Мисајловски: Единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните
-
Кривична пријава за правно лице од Општина Босилово за даночно затајување
-
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер го погоди Мјанмар
-
МЖСПП: 200 илјади евра казна за БУЛМАК поради истекување технолошка вода
-
Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева
-
Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето