Македонија
7. November 2016 - 9:28

Бритни Спирс ја изведе мајка си на машки стриптиз

Поп пејачката Бритни Спирс одлучила добро да се забавува со својата мајка, па ја одвела да гледаат егзотичен танц на момчиња од Австралија.

Бритни и нејзината мајка Лин го посетија шоуто „Thunder From Down Under“ во Лас Вегас, за да уживаат во настапот на популарните момчиња од Австралија.

Американските таблоиди коментираат дека судејќи според тоа колку била активна на оваа тема по социјалните мрежи по настапот на голишавите момчиња, мајката и ќерката супер се забавувале.