-->
-->
Британскиот тенисер по пораз на „Ролан Гарос“: Дури ни на куче не би му дал вакви топчиња
-->
Британскиот тенисер Дан Еванс упати остри зборови кон организаторите на „Ролан Гарос“ по неговиот пораз во првото коло. Триесетгодишниот Еванс загуби од Јапонецот Кеи Нишикори во пет сета – 6:1, 1:6, 6:7 (3: 7), 6:1 и 4:6.
Според Еванс, причината за неговиот неуспех е студеното време во Париз и новите топчиња со кои се игра годинашниот Грен слем.
– Беше ладно. Дури ни на куче не би му дал да си игра со топчињата што ги користевме на теренот. Мислам дека овие топки се голема грешка. Во такво време, тешко е да се натераат да летаат некаде, изјави Еванс за „Yahoo Sport“.
Претходно, новите топчиња, поради нивната тежина беа критикувани од 12-кратниот шампион на Ролан Гарос, Рафаел Надал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори