-->
-->
Британскиот премиер стравува дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина
-->

– Нештата што ги слушате за хемиското оружје, ова е директно од нивниот прирачник, рече Џонсон во интервју за британската телевизија Скај Њуз.
– Тие почнуваат да тврдат дека има хемиско оружје што е складирано од нивните противници или од Американците. И така, кога тие самите ќе распоредат хемиско оружје, а се плашам дека е можно, тие имаат еден вид маскировка (руска воена измама) на лажна приказна подготвена за пласирање, додаде тој.
– Само забележувам дека тоа е она што тие веќе го прават. Тоа е цинична, варварска влада, се плашам, рече Џонсон.
Министерката за надворешни работи Лиз Трас утрово, исто така, изјави за Си-Ен-Ен дека Британија е „многу загрижена“ за потенцијалот на Русија да користи хемиско оружје во Украина, велејќи дека „сме виделе дека Русија го користи ова оружје и порано во области на конфликти“.
Посочувајќи на досегашното „досие“ на Русија, прес-секретарката на Белата куќа Џен Псаки вчера предупреди дека Москва би можела да употреби хемиско оружје во Украина или да направи операција под „лажно знаме“ за користење на таквото оружје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание