Свет
28. April 2017 - 8:36

Британската полиција застрела едно лице при антитерористичка операција

Британската полиција соопшти дека при антитерористичка акција спроведена во Лондон и Кент застрелала една жена и уапсила четири лица. 

Уапсените се осомничени за тероризам. 

Полицијата наведе дека случајот не е поврзан со апсењето на мажот кој носел ножеви, во близина на канцеларијата на британската премиерка Тереза Меј. 

Застреланата жена е во тешка, но стабилна состојба. 

Таа не била апсена претходно и сега е под полициски надзор во болницата каде е сместена. 

Британската полиција објасни дека жената и другите четворица биле следени од страна на службеници за борба против тероризмот при тековната истрага.