Во понеделник во оваа земја ќе биде забележана температура од 33 степени Целзиусови, а се очекува во наредните денови да падне на максимални 20 степени.
Најстудено, се очекува да биде во делови од Шкотска, каде ноќта во четврток спрема петок ќе биде само 3 степени.
Одредени метеоролози најавуваат и снег на шкотскиот Бен Невис, највисоката планина во Британија во текот на утрото во петок.
На многу шкотски планини снегот е нормална појава во текот на јули, август и септември.