Брегзитот не е главна тема на ЕУ, се согласија чешкиот и словачкиот премиер
Темата Брегзит не треба да доминира меѓу темите кои ќе ги решава Европската унија.На тоа се согласија премиерите на Чешка и Словачка, Бохуслав Соботка и Роберт Фицо, гостувајќи во емисија на Чешката државна телевизија (ЧТ), јави дописникот на МИА од Прага.
- Брегзит е една случка и тоа не е трагедија, рече Фицо во врска со референдумот за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Чешкиот премиер констатираше дека според него, „Брегзитот ќе стане маргинална агенда" и дека членските земји треба да се насочат кон позитивните измени, кои ги очекуваат граѓаните.
- Мораме на луѓето да им објасниме дека тоа се фантастични работи, кои ги разбираме како готова работа, но не е тоа така, додаде Фицо потсетувајќи на можноста луѓето слободно да се движат, а не го спојуваат тоа со ЕУ.
Соботка оцени дека слободното движење на луѓето не смее да се користи на пример за злоупотреба на социјални примања, подвлекувајќи дека токму миграцијата во рамки на ЕУ била една од темите која влијаеше кај британските гласачи на референдумот.
- Пазарот на трудот е осетлива работа и во рамки на проширувањето сите земји не го совладаа тоа, а Британија е една од нив, рече Соботка.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите