Бред Пит: Не сум склон на самоубиство, тоа е само живот
Холивудскиот актер Бред Пит неодамна, првпат после разводот, даде интервју за магазинот „GQ“ каде зборуваше за своето растење, бракот и семејството.
Во новото интервју за Асошиетед Прес, како што пренесува Фена, актерот призна дека многу работи на себе. Слободното време го поминува во „одржување бродот на површина“ и „барање нов концепт за семејство“.
- Децата се се, тие се твојот живот. Треба да бидат наш фокус, рече актерот.
- Не сум склон кон самобуство или така нешто. Толку многу има убавина и љубов во овој свет и многу љубов која треба да се даде. Се е во ред, тоа е само живот, додаде Пит.
Во неодамнешното интервју тој призна дека се труди да биде подобар татко и дека поради тоа оди на терапии.
- Избегнував многу од тоа. Само ги пуштив работите. Тоа секогаш беше долга игра за мене. Се надевам дека моите намери и работа зборуваат сами за себе. Немам тајни, немам што да кријам. Сите ние сме луѓе и таа човечка состојба е многу интересна. Ако не зборуваме за тоа, нема да бидеме подобри, искрено рече Бред Пит.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец