-->
-->
Бразил ја совлада Германија
-->
Репрезентацијата на Бразил иако без Нејмар славеше минимално со 1-0 против големиот должник,светскиот првак Германија со што колкку толку се реваншира за срамотниот 7:1 пораз на „Селесао“ на Светското првенство на домашен терен пред неполни четири години.
Мечот о реши фудбалерот на Манчестер сити, Габриел Жесус, кој по одличното нафрлање на Вилијан, со глава го погоди голманот Кевин Трап, кој со трапава реакција ја смести топката во мрежата. Оваа победа никако не може да биде „реванш“ за мечот во Бело Хоризонте во 2014 година, но секако го крева моралот во „Селесао“ под водство на селекторот Тите, и тоа без првата ѕвезда, Нејмар.
За актуелните светски шампиони пак, ова е прв пораз по тој во полуфиналето на Европското првенство во 2016 година, кога во полуфиналето ги совлада Франција со 2:0 благодарение на двата гола на Гризман. Најзагрижувачки за Јоаким Лев треба да биде местото на голман, поради отсуството на Мануел Нојер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија