Фудбал
6. May 2016 - 10:09

Бразил без Нејмар на Копа Америка

Карлос Дунга, селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, го објави конечниот список на играчи кои ќе настапат на јубилејното 100-то издание на Копа Америка.
 
Карлос Дунга кој се наоѓа на мета на критики поради резултатите на националниот тим, ја шокираше јавноста минатата недела, кога на поширокиот списокот не ги стави Тијаго Силва, Давид Луиз, Данило, Марсело и Робињо, а конечниот список исто така предизвика лавина на реакции бидејќи селекторот не ги повика Оскар, Ганзо, Фирмино и Кака.
 
Инаку,Дунга на Копа Америка нема да може да смета на својот најдобар играч, Нејмар, на кого Барселона не му дозволи да настапи на ова првенство, но тој ќе игра за Бразил на Олимписките игри.
 
Голмани: Алисон Бекер (Интернасионал), Диего Алвес (Валенсија), Едерсон (Бенфика)
 
Одбрана: Дани Алвес (Барселона), Фабињо (Монако), Даглас Сантос (Атлетико Минеиро), Фелипе Луис (Атлетико Мадрид), Миранда (Интер), Гил (Шандонг), Маркињос (ПСЖ)
 
Среден ред: Родриго Каио (Сао Паоло), Касемиро (Реал Мадрид), Елиас (Коринтијанс), Луиз Густаво (Волфсбург), Рафиња (Бенфика), Лукас Лима (Сантос), Фелипе Кутињо (Ливерпул), Ренато Аугусто (Пекинг), Вилијан (Челзи), Даглас Коста (Баерн Минхен)
 
Напад: Хулк (Зенит), Габриел Барбоса (Сантос), Рикардо Оливеира (Сантос).