Кошарка
30. September 2015 - 16:53

Божидар Маљковиќ и Бора Џаковиќ по покана на АСНМ ќе гостуваат во Скопје

Во организација на Асоцијацијата на спортските новинари од Р. Македонија и коорганизација на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, во сабота организираат трибина на тема, кошарката и работата со младите категории.
 
Трибината ќе се одржи во СЦ „Лисиче’’ во Аеродром со почеток во 10.30 часот, а предавачи ќе бидат Божидар Маљковиќ и Бора Џаковиќ и Рацо Ѓорѓиевски.
 
 
Маљковиќ кој во својата богата тренерска кариера во која дури четири пати беше европски клупски првак, беше и тренер на актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски, предводејќи ја сплитска Југопластика. Тој како и Џаковиќ важат за тренери кои зад себе имаат создадено голем број на млади играчи од поранешните ју-простори, кои подоцна израснаа во врвни и докажани ѕвезди на кошаркарската игра.
 
Џаковиќ пак сега е главен координатор на младинските категории на Металец, екипа која во недела гостува во Јане Сандански на МЗТ Скопје во натпревар од 2.коло на АБА лигата.
 
 
Со оваа трибина македонските спортски новинари уште еднаш сакаат да ја потврдат својата заложба за придонес и поддршка на македонската кошарка.