Ф1
9. August 2020 - 9:32

Ботас ќе тргне од пол-позицијата на „Гран при 70-годишнина на Ф-1

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботaс, беше најбрз на денешните квалификации возени на патеката „Силверстоун“ во чест на јубилејот 70-годишнина во Формула 1.

Второто место му припадна на неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Од вториот стартен ред ќе тргнат Нико Хулкенберг од Рејсинг Поинт и Макс Верстапен од Ред Бул.

Уште еден лош ден имаа пилотите на Ферари. Шарл Леклер ќе тргне од осмата позиција, а Себастијан Фетел од 12-та.

Главната трка ќе се одржи утре со почeток во 15:10 часот.