Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи - внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат
Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Северна Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.
Лидерот на ГЕРБ Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент, истакна дека Бугарија и Северна Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување, и никој не може да отстапи од него.
Борисов смета дек Софија треба да остане и мирна и трпелива, да не изгледа агресивна бидејќи како што наведе „вината е кај колегите во Скопје“.
Посочи дека „секој што ќе го прекрши добриот тон, а Бугарија тоа не го направи, ќе ги трпи последиците“.
- Сè што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија, беше многу добро слушнато. Така функционираат европските институции. Не се закануваат, не навредуваат, а резултатот е Албанија оди напред. Таа го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги од Северна Македонија треба да ги понесат последиците од нивното досегашно однесување, рече Борисов во пресрет на разгледувањето на декларацијата за Северна Македонија поднесена од крајнодесничарската партија „Преродба“. Борисов вели дека ќе се обиде да ги убеди колегите во Комисијата за надворешна политика да не се однесуваат емотивно, туку да прагматично и разумно.
И лидерот на ПП-ДБ Кирил Петков, вели дека Скопје треба да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во својот устав или да го запре патот кон ЕУ.
- Времето покажа дека договорот што го направивме во времето на нашата влада - францускиот предлог - се покажа многу добар за Бугарија. Реално, целата Европска унија застана на страната на Бугарија. Република Северна Македонија мора да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во нејзиниот устав или нејзиниот пат кон Европа е затворен. Многу се надевам дека ќе се преиспитаат, бидејќи она што се случи во моментов е дека Албанија се одделува од нив и побрзо ќе го продолжи патот кон ЕУ, изјави Петков.
Одвојувањето на Албанија и Северна Макеоднија на патотот кон ЕУ, го поздрави првиот човек на „Преродба“ Костадин Костадинов. Тоа според него се случи откако „Тирана го признала бугарското малцинство и му ги гарантирала сите уставни права“.
- Отсега, Република Северна Македонија има два пата – или ќе го признае присуството на Бугарите како државотворен елемент на својата земја и ќе ги вклучи во Уставот или ќе остане надвор од преговарачкиот процес, рече Костадинов.
Во врска со Договорот за добрососедство, Костадинов смета дека откако Скопје одби да го почитува, и Софија веќе не треба да се држи до обврските што прозилегуваат од него.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза