Борисов: Бугарија ќе има колективен имунитет во мај
Премиерот Бојко Борисов преку видео на Фејсбук објави дека во петокот Бугарија повторно се договорила и во април, мај и до средината на јуни ќе добие 2.700.000 вакцини од Фајзер/Бионтех.
„Мислевме дека во август, но убеден сум дека во мај – со повеќе од 3 милиони вакцинирани и опоравени, ќе имаме колективен имунитет за да се стави крај на оваа пандемија“, нагласува Борисов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, она што го загрижува Борисов е тоа што Бугарија има 2 милиони дози „Џонсон и Џонсон“, бидејќи пред да стапи во употреба, луѓето почнаа да зборуваат негативно за тоа. Според бугарскиот премиер, трговската војна во моментов трае со страшна сила, а цените веќе се зголемија. Борисов даде пример како Фајзер чинел 12 евра, а сега цената е 15,5 евра.
„Сега ЕУ потпишува договори за 2022-23 година за 900 милиони вакцини, но сега по цена од 19,5 евра“.
Новите случаи на заразени со коронавирусот во изминатите 24 часа во Бугарија се 1.352. Тие беа идентификувани по 9.118 тестови. Дека податоците во Бугарскиот унифициран портал за информации покажува дека 14,83 проценти од примероците се позитивни, а бројот на хоспитализирани е зголемен од 10.271 на 10.365 за 24 часа.
Ново на Сител
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година