Бориславова: Нема закана за енергетската безбедност на Бугарија
Не постои закана за енергетската безбедност на Бугарија, изјави вечерва Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бориславова нагласи дека бугарската Влада е подготвена со месеци со план за дејствување во ваква ситуација.
-Обезбедени се алтернативни начини за испорака, нема причина за паника и за никакво стравување. Премиерот Кирил Петков и вицепремиерот Асен Василев се известени за ситуацијата, нема ризик за енергетската безбедност на Бугарија, истакна таа.
„Газпром експорт“ од четврток ја стопира испораката на гас за Бугарија, а бугарскиот министер за енергетика Александар Николов за утре закажа прес-конференција во врска со оваа мерка.
Бугарското Министерство за енергетика соопшти дека до овој момент во земјата не се воведуваат ограничувања за користење на гас.
Ново на Сител
-
Приведен лихвар од Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9