Борци на ОНА, интелектуалци и активисти бараат отстранување на седиштето на ДУИ од Тетово
Интелектуалци, граѓански активисти и поранешни борци на ОНА преку граѓанска иницијатива излегоа со писмо во јавноста во кое бараат ДУИ привремено да го отстрани партиското седиште од Тетово бидејќи ситуацијата е „радикализирана“ по компромитирачките телефонски разговори објавени од профилот Ел Чека.
„Граѓаните од Тетово силно ја искажуваат својата индигнација и нивната фрустрација од прислушкуваните телефонски разговори, од кои самите тетовчани се сериозно навредени. Сите сме сведоци на она што го слушнавме во овие разговори на главните експонати на политичка партија која е на власт речиси 20 години.
Ниско ниво на комуникација, параполитички ситуации, сомнителни назначувања, негирање на позицијата на албанските жени во општеството, уцени против политичките противници и нивните семејства, амортизација на оние кои размислуваат поинаку, корупција и демотивирање на генерации, се сигнали дека овие ликови не заслужуваат да бидат носители на одлуки за важни процеси кои се однесуваат на нашите животи.
Затоа, итно бараме седиштето на оваа партија, односно Демократската унија за интеграција, да биде отстрането од Тетово на неопределено време.
Исто така, бараме посветеност на чесни членови на оваа партија во Тетово и истите да не останат заложници на лица со различни хипотеки од минатото. Ова прво ќе биде во нивна корист, а потоа и за граѓаните на Тетово и за пошироката околина ", се вели во реакцијата на граѓанската иницијатива.
Ново на Сител
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија