-->
-->
Бонучи во Премиер лигата ?
-->
Играчот од одбраната на Јувентус Леонардо Бонучи е трансфер цел во летниот преоден рок на премиерлигашите Манчестер Сити и Челзи. Популарните „граѓани“ веќе понудиле 35 милиони евра за 28-годишниот Бонучи. Ова од причина што оваа сезона Манчестер Сити имаше слаба одбрана пред се во Премиер лигата и во монентов се наоѓа далеку од борбата за титулата. Во новата сезона менаџер на клубот ќе биде Пеп Гвардиола, кој според најавите на располагање за купување нови играчи ќе има буџет од околу 200 милиони евра.
Но, Манчестер Сити сериозен конкурент во борбата за купување на италијанскиот репрезентативец Бонучи ќе има во тимот на Челзи. Особено што на клупата на Челзи по Европското првенство ќе треба да биде Антонио Конте. Предноста за Конте е тоа што под негово водство Бонучи почна да игра одлично во дресот на Јувентус, откако претходно беше „отпишан“ од Интер.
Бонучи има одиграно 53 натпревари за Италија и има постигнато три голови, додека за Јувентус има настап на 190 натпревари и постигнато 11 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот