Болничар во Германија осомничен за смртта на 24 пациенти
Поранешен болничар во Германија кој ја издржува казната доживотен затвор, за две убиства, сега е осомничен за смртта и на „барем уште 24 пациенти“ сите убиени со давање смртоносна доза лекови.
Германската полиција најавува обнова на истрагата на случајот со болничарот, како и ексхумација, што би започнала кн крајот на мај, за да се испитаат посмртните останки не неговите потенцијални жртви.
Болничарот кој е идентификуван само како Нилс Х. (39) во февруари минатата година е осуден поради смртта на двајца пациенти, во болница во едно мало место во северна Германија.
Во текот на судењето тој има признаено дека има убиено околу 30 пациенти, сите убиени со вбризгување поголема доза од некои од лековите за кардио-васкуларни болести, но полицијата тогаш не можела да обезбеди докази за да смртта на толку луѓе ја поврзе со болничарот.
Сите сомнителни смртни случаи се регистрирани во периодот меѓу 2003 и 2005 година.
Полицијата сега истражува 200 смртни случаи и во други клиники во Олденбург и во Вилхелмсхавен, во кои работел осудениот.
Во текот на минатогодишниот судски процес, еден од сведоците, лекар во болницата каде биле извршени двете убиства, го опишал болничарот како човек „посветен на работата“ и како вработен кој оставал добар впечаток на целиот персонал.
Доколку се потврдат сомнежите на полицијата, Нилс Х. ќе биде еден од најголемите масовни убијци во повоена Германија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот