Болеста е сурова: Состојбата на Оливер е се полоша
Познатиот пејач поминува низ тежок период од животот.
Оливер Драгоевиќ се бори со ракот на белите дробови кој му бил дијагностициран летово, а болеста од ден во ден зазема се поголем замав. пејачот пред десетина дена настапи пред граѓаните на Сплит. Се појави со капа на главата, но набрзо ја соблече и откри дека останал без коса. Пибликата не можеше да се воздржи од солзите, а потресени беа и теди Спалато, Џибони и Маријан Бан кои тогаш со Оливер ја делеа сцената. Меѓутоа, неколку дена подоцна на 21. октомври, Оливер немал сила да дојде во загребската Арена и да одржи концерт со Џибони.
Оливер вели дека му е жал што не настапил во Загреб и истакнува дека поддршката од колегиѕе и фановите го охрабрува и дека многу му значи. Драгоевиќ моментално престојува во Сплит, каде со помош на своите најблиски се опоравува од послената хемотерапија.
- Еве ме дома, слабо излегувам, се подготвувам за следнаат хемотерапија.Деновите ги кратам вежбајќи го гласот, а гледам и натпревари, вака го започнал разговорот Оливер за хрватските медиуми.
Пејачот признава дека му е тешко што се бори со пеколната болест, но не се откажува.
- Болеста е таква, малку ослабев но се надевам на позитивен исход. Најважно е да останам цврст во главата, а јас психички се чуствувам добро. Пијам многу лекови за секакви чуда... Против болки, за крв, за енергија, па можат да се појават некои нус појави. Тешко е сето тоа да се вклопи и да се биде сигурен дека сите таблети меѓусебно се компатибилни. Дури бев и без слух, тоа траеше две недели, како ушите да ми беа запечатени, зборува Драгоевиќ и доадва дека за среќа без глас не останал.
- Секој ден по дома вежбам, Малку свирам, пеам, се обдувам да не излезам од ритам, вели Драгоевиќ.
На прашањето дали вежба поради концертот кој треба да се одржи во средината на декември во својот Сплит, пејачот порачува дека Сплит го сака најмногу на свет.
- Тоа е мојата публика , тоа секогаш е спектакл. Срцето ми сака и бара уште песни, концерти, веселба, но треба да видам како се чувствувам, односно дали ќе можам тоа да го издржам. хемотерапијата тешко се поднесува, колку ви помага толку истовремено и одмага, но барем сум задоволен што не ме фатија оние класичните непријатности кои таа предизвикува, рекол Оливер и додал дека сеуште не може да зане во колкав стадиум е неговиот тумор, и дали хемотерапијата досега вродила со полод.
Прегледот како што вели, следува тек за неколку месеци, а тогаш би требало да се знае каква е состојбата.
- Ако класичната хемотерапија не помогне, ќе се свртиме на друг начин на лекување, вели пејачот и признава дека од цигарите не се откажал.
- Мислам дека нема да престанам да пушам. Ги намалив, но пушам и понатаму. Знаете што ми одат на нерви тие совети за храна, пушење, движења... Не е лесно цигарите да ги испуштам од рака. Ако целиот живот уживав можам и сега, вели пејачот но додава дека има работи за кои жали.
Имено, откако болеста зеде замав, не одел на риболов на Корчула.
- Ете, единствено за тоа ми е жал. Ми фали морето, бордење на Корчула, да ловам. Тоа долго време ми беше хоби, а сега домашните ми носат дома риба, вели Оливер
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица