Бојер: Обидите за ревизија на историјата не смеаат да остана без реакција
Актуелните состојби со подемот на крајно-десничарските партии низ Западна Европа, обидите за ревизија на историјата и радикализмот кој има силни врски со анти-семитизмот не смеат да останат без реакција. Лекциите за холокаустот се релевантни и денес, вели во интервју за МИА Бруно Бојер од Меморијалот од Шоа во Париз посветен на холокаустот.
- Според мене, состојбата е критична, бидејќи има неколку држави во
кои има многу тешка состојба со ревидирањето, барањето нови начини на гледање на историјата. Имаме многу, многу предизвици. Има нееднаквост во спомнувањето на злосторствата на нацистите и на комунистите, ова е нееднаквост меѓу западните и источните европски држави. И сите ги вперуваат прстите кон другата страна и обвинуваат дека другата страна не ги признава злосторствата што ги извршила. Има подготвеност да се изедначат злосторствата што ги извршиле комунистите со злосторствата на нацистите. Ние во Меморијалниот центар сметаме дека секое злосторство треба да се признае, но не и да се изедначува, вели Бојер, кој во Скопје одржа семинар за професори по историја, заедничи проект на Меморијалот од Шоа и Музејот на холокаустот во Македонија.
Тој посочува дека како политички процеси признавањата на овие злосторства се различни, иако, потенцира, страдањето на жртвите е исто.
- Исто така, имаме предизвици со крајната десница, но и со радикализмот кој има многу силни врски со анти-семитизмот. Оваа состојба е многу чувствителна, особено во Франција. Ние не сме исплашени, но сме многу загрижени поради состојбата. Најлошо би било ако не реагираме. Затоа и ние сме обучени да одиме напред, да вршиме влијание, не да го сузбиваме радикализмот што е задача на Министерството за внатрешни работи, туку да влијаеме врз учениците и да го менуваме наративот, порачува Бојер.
Според Горан Садикарио од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, потребата од едукација за холокаустот е поткрепена од актуелните случувања во Европа - мигрантската криза и ксенофобноста.
- За жал, со оглед на последните случувања во Европа со мигрантската криза, со ксенофобното однесување на одредени држави и појавата на десницата во Европа, сега мислам дека е вистинското време да се подигне нивото на свесност за она што се случувало за време на Втората светска војна и едукацијата за холокаустот да биде имплементирана во училиштата и во основните и во средните. За наша среќа, соработката која што ние ја имаме со Министерството за образование и наука, особено во основните училишта е холокауст едукацијата да се имплементира во повеќе наставни единици, вели Садикаријо.
Едукацијата, додава, треба да биде реализирана во повеќе наставни предмети.
- Значи, не само по историја, туку и по македонски јазик, по англиски јазик, по историја на религии и цивилно општество. Во сите тие предмети може да се зборува за холокаустот и негативните последици, девијантните појави кои го следеа во текот на Втората светска војна, односно крајните резултати „конечното решавање“ на еврејското прашање од страна на нацистите. Така што едукацијата за холокаустот не ја гледам само како историски факт, туку и како превенција за спречување на сите девијантни појави коишто се појавуваат во општеството. Тоа е нашата задача, тоа е нашата мисија за светот да биде подобро место за живеење и секогаш да се почитуваме, да ги почитуваме различностите, вели Горан Садикаријо.
Ново на Сител
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
19-годишник кој превезувал мигранти бегајќи од полиција удрил во работна машина на пат
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон