Богов: Речиси целосно запрено повлекувањето на депозитите
Речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите од банките по шпекулациите во врска со политичката криза во Македонија, вели гувернерот на НБРМ Димитар Богов.
Во интервју за Ројтерс, Богов посочува дека во текот на април се повлечени 1,8 отсто од депозитите во банките што е прв таков случај по повеќе години постојан раст на депозитите.
- Во изминатите две недели гледаме стабилизација на ситуацијата, а повлекувањето на депозитите речиси запре. Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено, истакнува Богов.
По зголемувањето на каматите на благајничките записи од 3,25 на 4 проценти, Богов истакнува дека засега нема потреба од дополнително зголемување.
- Засега ситуациајта се стабилизира, потребните сигнали се пратени и веќе гледаме одговор од банките кои ги зголемуваат каматите на депозитите. Сметаме дека засега ќе нема потреба за дополнително зголемување, но остануваме будни и подготвени да употребиме мерки од монетарната политика ако се неопходни за да се зачува макроеконоската стабилност, истакнува Богов.
Гувернерот на НБРМ вели дека е можно Централната банка да ги намали каматите ако политичката криза наскоро биде решена и веќе нема шпекулативни напади врз стабилноста на денарот.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг