Богато лето за делчевските играорци
Членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево интензивно се подготвуваат за настапите на претстојните меѓународни фолклорни фестивали во Бугарија, Србија и Турција. Како што истакна Зенил Реџепов, кореограф на КУД „Гоце Делчев“, пробите се интензивираат, бидејќи ова КУД учествува на фестивали со натпреварувачки карактер и целта им е да се вратат со награди од фестивалите.
- Летниот камп што го организираме во Бургас во Бугарија со Фондацијата „Атанас Манчев“ е камп за лидерство со работилници за лидерство и настап на меѓународните фестивали кои се во рамките на програмата на културното лето. Ќе настапиме на меѓународните фестивалите на летните сцени во Бургас, Приморско и Сончев Брег, рече Реџепов
Тој додаде дека по враќањето од Бугарија, на почетокот на август ќе следуваат настапите во збратимената Јагодина во Србија на традиционалниот фестивал организиран од КУД „Каблови“, но и првпат делчевските играорци ќе настапат на меѓународен детски фолклорен фествал во Каџаели во Турција.
- По враќањето од Турција, се насочуваме кон реализацијата на нашата манифестација Пијанечко-малешевска свадба и традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал кој по 41. пат ќе се одржи во Делчево, а ние сме домаќини. Во Делчево очекуваме 15 фолклорни друштва од кои 5 од странство, рече Реџепов.
КУД Гоце Делчев има 202 членови кои се активно вклучени во сите проекти каде се негува фолклорот и традицијата, а досега во 41-годишното постоење на најстарото друштво во регионот, продефилирале над 3.000 членови.
Ново на Сител
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија
-
Иран, по резолуцијата на МААЕ, најави изградба на нова постројка за збогатување на ураниум
-
Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија