Македонија
30. December 2015 - 14:08

Боев: Реакредитација на студентските програми на УГД

Во 2016 година ќе се случи реакредитација на студентските програми, во интерес на едукацијата на студентите, истакна ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Блажо Боев на денешната средба со новинарите.

Според него, процесот на реакредитација на студентските програми е нормална постапка на универзитетите во државата.

- Универзитетот наредната година ќе стартува со реакредтирање на студентските програми, ќе има редијазнирање на одредени курикулуми, да кажама дотерување, прилагодување спрема потребите на стопанството, прилагодување кон општествената заедница, прилагодување кон она што значи европски образовен процес. Конкретно да кажам реновирање на програмите со она што е значајно во сегашниот живот, рече Боев.

Тој истакна дека во 2016 година очекува да се реши и проблемот со изградба на Студентски дом во Штип, кој го бараат студентите, но е и потребен на универзитетот во делот на сместување на студентите од другите дружави, кои доаѓаат преку ЕРАЗМУС програмата или размена на студенти.

Најави дека во 2016 година штипските студенти ќе добијат и своја телевизија, во која ќе се врши пракса за студентите од Факултетите за филмска уметност, новинарство о Академијата за музичка уметност.

- Универзитетот сега има Универзитетско радио и портал и оваа идеја за отварање на УГД-телевизија ќе биде дополнет сегмент во делот на нашите медиуми. Ќе имаме продукција на програма во делот на она што го работат професорите во делот на истражувањето и во науката, истакна Боев.

Тој додаде дека минатата година успешно поминала за штипскиот универзитет во делот на реализираните проекти и уписите на факултетите.