Блумберг: САД на состанокот во Саудиска Арабија ќе ја притиснат Украина за примирје
Американските и украинските претставници ќе се сретнат оваа недела во Саудиска Арабија за да разговараат за времето и опсегот на првичниот прекин на огнот со Русија, а двете делегации ќе разговараат и за неколку точки на тензија кои допрва треба да се надминат, јави Блумберг.
Планираните разговори во Џеда ќе следат, како што пренесува Блумберг, по денови на интензивен притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врз украинскиот лидер Володимир Зеленски, вклучително и суспендирање на воената и разузнавачката помош.
Според Њујорк Тајмс, таквите потези биле дизајнирани да го убедат Зеленски да се согласи на делумен прекин на огнот со Русија, што потоа ќе овозможи преговори за ставање крај на тригодишната руска инвазија.
Претставникот на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф вчера изјави дека „сигурно“ се надева дека договорот ќе биде завршен оваа недела.
– Одиме таму со очекување дека ќе постигнеме значителен напредок, изјави Виткоф за Фокс њуз.
Зеленски им рече на лидерите на Европската унија во Брисел минатата недела дека е отворен за прекин на огнот доколку Русија се согласи да ги прекине воздушните напади и поморските операции и дека треба да следи размена на затвореници.
Ново на Сител
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО