Бљакај: Логично е Специјалниот суд да го повика и Хашим Тачи на сослушување
Директорот на Центарот за хуманитарно право во Приштина, Беким Бљакај, изјави дека почетокот на работата на Специјалниот суд, и покрај предрасудите за него, може да му помогне на Косово и дека е логично овој суд да го повика и косовскиот претседател Хашим Тачи.
Гостувајќи на КТВ, Бљакај рече дека е важно и Специјалистичките комори да почнат со работа што е можно побрзо.
Тој смета дека не меѓународната јавна сцена постојат многу предрасуди.
-Специјалистичките комори, исто така, можат да му помогнат на Косово, бидејќи предрасудите се претерани, а со почетокот на процесот можат да се разјаснат многу работи, за злосторствата да не бидат предимензионирани, рече Бљакај.
Зборувајќи за можноста Специјалниот суд да го повика и Хашим Тачи, Бљакај кажа дека неговото име најчесто се споменува во извештајот на Советот на Европа, пренесува порталот Косово онлајн.
-Сосема е логично и тој да биде повикан на сослушување од специјалното обвинителство, но не можеме да знаеме во какво својство – осомничен или сведок, рече Бљакај.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ