Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
Во телефонски разговор синоќа со министерот за надворешни работи на Египет, Самех Шукри, државниот секретар Ентони Блинкен ја потврди „јасната позиција на претседателот Џо Бајден дека САД не подржуваат крупна воена операција во Рафа и се против секакво принудно преместување на Палестинците во Газа“, изјави портпаролот Метју Милер.
Милер укажа и дека Блинкен „ја изразил подршката на САД за повторно отварање на пограничниот пункт Рафа и продолжување на испораките на итно потребната хуманитарна помош“.
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека Израел го кренал своето знаме на граничниот премин Рафа, со што главната контрола на границата со Египет е одземена од Хамас.
По седум месеци војна во Рафа прибежиште најдоа повеќе од 1. 4 милиони Палестинци. Во меѓувреме, Израел издаде наредба за евакуација на населението од источниот дел на градот.
Блинкен исто така изразил благодарност до Египет за посредништвото во преговорите за постигање привремен прекин на огнот во замена за ослободување на заложници.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство