Блинкен: Ќе му помогнеме на Киев да ги процесуира воените злосторства
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави формирање нова британска, американска и група на ЕУ што ќе му помага на украинското обвинителство да ги документира, како што рече, „воените злосторства и другите бруталности” извршени во Украина.
„Новиот механизам, наречен Советодавна група за криминал (АЦА), ќе пружа стратешка советодавна и оперативна помош на Единицата за воени злосторства на Украинското обвинителство, легално конституираното тело задолжено за прогон на воени и други злосторства во Украина”, изјави Блинкен.
Тој додаде иако САД и сојузниците ги поддржуваат меѓународните напори за изведување на одговорните за злосторства пред лицето на правдата, клучната улога во тој процес останува на украинското обвинителство.
„Советодавната група ќе соработува со американското Министерство за правда и ќе се обиде да дојде до правдата и пред американските судови”, рече Блинкен.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата