Блинкен: Американските државјани веднаш да ја напуштат Русија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија.
Предупредувањето се однесува на американски државјани кои престојуваат или планираат да патуваат во Русија.
„Длабоко сме загрижени поради руската објава дека американски новинар е уапсен. Највисок приоритет на Стејт департментот е безбедноста на граѓаните во странство“, напиша Блинкен на својот профил на Твитер.
Руската служба за безбедност (ФСБ) го приведе Еван Гершкович, новинар на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ (Wall Street Journal), под обвинение за шпионажа.
Според ФСБ, Гершкович „по инструкции на американската страна, собирал информации што се третираат за државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс“.
На новинарот, кој е уапсен во уралскиот град Екатеринбург, му се заканува казна до 20 години затвор.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ