Свет
25. May 2016 - 9:56

Блер: ИД може да се порази само со копнена операција на западните сили

Исламска држава ќе биде поразена само во војна во која ќе учествуваат западните копнени сили, изјави вчера поранешниот британски премиер Тони Блер.

Блер оцени дека исламистите само со воздушни напади не можат да се поразат, пренесоа американските медиуми.

Место тоа, „морате да отидете и против нив да водите вистинска војна на копно“, при што британските, американските и другите западни сили ќе даваат поддршка.

-Вооружените сили на Америка, Велика Британија, Франција и другите големи земји имаат и искуство и способност, така што дури и ако ги користат како поддршка за локалните сили, морате само да одлучите што е нашата цел, рече Блер на собир за меѓународни прашања во Лондон.

„Дали нашата цел е да го поразиме непријателот? Мојот одговор на тоа е потврден“, додаде тој.