Благоја Стефановски-Баге добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело
Поранешниот министер за култура, долгогодишен прв човек на битолскиот театар и актер во пензија, Благоја Стефановски-Баге, е годинешниот добитник на највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември“ за животно дело, што Општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.
Благоја Стефановски-Баге е со богата професионална кариера. Во периодот од 1975 до 1980 година бил директор на НУ Народен театар – Битола, а меѓу другите ги вршел и функциите претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“„ претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на други домашни и меѓународни фестивали и манифестации.
Стефановски вршел и други јавни функции. Во периодот од 1994 до 1998 година година беше пратеник во македонскиот Ппарламент, а во периодот од 2002 до 2006 година беше министер за култура.
Со одлука на Општина Битола, годишни награди и признанија на свечена академија ќе им бидат врачени на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска, детската градинката „Мајски цвет“ и на печатницата „Киро Дандаро“, сите од Битола.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска