Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за мечевите со Молдавија и Црна Гора
Милевски: Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво.
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22. март, 15:30 часот) и против Црна Гора во турска Анталија (25. март, 18:00 часот).
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 28 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ - Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ - Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ - Работнички, Дејан ИЛИЕВ - Сараево, БиХ
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ - Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ - Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ - Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ - Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ - Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ - Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ - Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ - Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ - Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ - Динамо Букурешт, Романија;
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ - Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ - Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ - Бохум, Германија, Давид БАБУНСКИ - Мезекевешд, Унгарија, Тихомир КОСТАДИНОВ - Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ - Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС - Лајпциг, Германија;
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ - Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ - Бохемианс 1905, Чешка , Дарко ЧУРЛИНОВ - Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ - Хајдук, Хрватска, Димитар МИТРОВСКИ - Вараждин, Хрватска, Ердон ДАЦИ - Беверен, Белгија, Лирим ЌАМИЛИ - Хвидовре, Данска;
Ново на Сител
-
Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
-
27-годишник нападнал полицаец, при претрес на неговиот дом пронајдени семки канабис и муниција
-
Блумберг: Харвард се соочува со губење патенти вредни стотици милиони долари
-
Отстранета бомба од Втората светска војна од градилиште кај Белград-на-вода
-
Подобрена ситуацијата со пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина
-
Украина нареди евакуација на цивили од истокот на земјата, каде што руските трупи напредуваат
-
Волстрит џурнал: Трамп размислува за прекласификација на марихуаната во помалку опасна категорија дрога
-
Зеленски рече дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите