Околу 200 спасувачи работеа да одглавувањето на Сум Бора зошто бил така заглавен што не можеле едноставно да го извлечат. Околу 10 часа им требало да кршат дел по дел од големата карпа.
Кога е конечно спасен, бил многу слаб поради што е однесен во локалната болница. Освен тоа, немал поголеми повреди.
Инаку, изметот од лилјаците (гуано) се користи или се продава како ѓубриво, а на многу сиромашни фармели тоа им е значителен извор на приходи.
Да се потсетиме и на филмот на Дени Бојл „127 часа“, снимен според вистински настан, кога планинарот Арон Рилстон 127 часа бил заглавен во кањонот Јута. Огромна карпа му паднала врз раката поради што воопшто не можел да ја извлече. Во текот на 5 дена ја сечел малку по малку додека не ја ампутирал и конечно излегол од процепот во кој паднал. Тогаш наишол на едно семејство кое повикало помош.