Бизнис
23. February 2021 - 12:44

Биткоинот во слободен пад, падна на 17 проценти за еден ден

Цената на биткоинот падна денеска за 17 проценти, што предизвика распродажба на пазарите со крипто валути.

Најголемата криптовалута во светот претрпе најсилен дневен пад во последниот месец, паѓајќи на 45.000 долари.

Со тоа падот на оваа дигитална валута се зголеми на речиси една петтина во споредба со рекордното ниво од 58.354 американски долари забележано во неделата, иако цената на биткоинот, сепак, е околу 60 проценти повисока отколку на почетокот на 2021 година.

Етер, втората по големина крипто валута во светот според пазарната капитализација, која често се движи како и биткоинот, исто така падна за повеќе од 17 проценти, на 1.461 долари, речиси 30 проценти помалку од минатонеделното највисоко ниво.