Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
Биткоинот вчера достигна нов рекорд, надминувајќи ја вредноста од 80.000 долари. Порастот на вредноста на биткоинот дојде во пресрет на претседателските избори во САД, а се зголеми во изборната ноќ, кога стана јасно дека Доналд Трамп победува, а продолжи да расте и по неговата победа.
Оваа година, биткоинот забележа пораст од 80%, надминувајќи го растот на индексот S&P 500, кој порасна за 25,7%. Иако накратко ја премина границата од 80.000 долари, Биткоинот вчера се тргуваше малку под тоа ниво во текот на денот, пренесува CNN.
Крипто индустријата ја гледа победата на Трамп како позитивен знак за биткоинот и другите дигитални валути. Иако Трамп во минатото беше скептичен за биткоинот, нарекувајќи го „заснован на воздух“, тој го промени својот став во последните месеци, за разлика од администрацијата на Џо Бајден, која се обиде да ја зголеми регулацијата на криптовалутите.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава